Две муслиманки биле прободени со нож под Ајфеловата кула во Париз.

Француската полиција уапсила двајца осомничени напаѓачи, а медиумите јавуваат дека станува збор за расистички напад затоа што наводно напаѓачите извикувале: „Валкани Арапи!“

Обвинителството во Париз ги опишало двајцата осомничени, кои се наоѓаат во притвор под обвинение за обид за убиство, како „бели жени со европски изглед“.

Нападот се случил откако биле напнати тензии во Франција околу бруталното убиство на учителот Самуел Пети, кого го обезглави 18-годишен исламист затоа што Пети им покажал на студентите карикатури на пророкот Мухамед, како дел од наставата за слобода на говорот.

На социјалните мрежи се проширило видео од девојка како вреска по нападот под Ајфеловата кула.

Жртвите на нападот се идентификувани како Французинки со алжирско потекло, 49-годишната Кенза и Амел, која е две години помлада.

Кенза била избоден шестпати и завршила во болница со пробиен бел дроб, а Амел завршила на операција за повреди на раката, потврдил избор близок до истрагата.

Интересно, нападот се случи во неделата вечерта, два дена по бруталното погубување на професорот Пети, но властите првично не објавиле информации за нападот.

На една од нападнатите жени ѝ било покриено лицето, иако сè уште е нејасно дали е тоа од религиозни причини или поради пандемијата Ковид-19.

Кенза во изјава за францускиот весник „Либерасион“, соопштила дека имале обична семејна прошетка.

„Бевме петмина возрасни и четири деца. Тука кај Ајфеловата кула има еден парк кој е многу мрачен. Одевме и видовме дека кон нас оди две кучиња. Децата се исплашија. Мојата роднина, која беше покриена, ги праша двете жени дали може да припазат на кучињата зошто децата ни се исплашија“, вели Кенза за францускиот весник Либерасион.

Сопственичките на кучињата, рече Кенза, одбиле да ги врзат кучињата и многу брзо потоа следувала кавга, во која се користени расистички навреди.

Една од сопственичките на кучиња, тврди Кенза потоа извлекла нож и ги нападнала Кенза и Амел.

„Ме исече на главата, по ребрата и по раката, а потоа ја нападна мојата роднина“, раскажа Кенза. Сведоци наведуваат дека слушнала повици „Валкани Арапи“ и „Вратете се во својата земја“, пишува Дејли Мејл.