Од денеска носењето на маски ќе биде задолжително во Чешка, па дури и во автомобилите, откако оваа земја во изминатите 24 часа се регистрирани нови блиску 12 илјади случаи на Ковид-19 (точно 11.984), а вкупната бројка на заразени се ближи кон 200 илјади.

Маските ќе бидат задолжителни во сите урбани средини, кажа министерот за здравство Роман Примула. Маски досега мораа да се носат во јавниот превоз и во затворени простории. Исклучок од носење маски ќе бидат децата помали од две години.

Оваа земја беше една од првите која воведе строги правила во врска со маските после првиот бран на коронавирусот. Тогаш во еден ден рекордот беше 408 новозаразени.

Бројот на заразени почна да расте на крајот од летото, а властите одбиваа да воведат задолжително носење на маски, па Чешка стигна до нов реокрд. Денеска земјата има повеќе заразени на 1 милион жители од било која земја во Светот.

Во изминатите денови рекорди бележат и некои други земји, а дел од нив се решија да го вратат полицискиот час.