Корона-вирусот ја затвори најмалата градинка со 20 деца во Прилеп, а уште 15 деца се во изолација од друга градинка.
Градинката кај Работничкиот универзитет е затворена и 20-те деца се пратени во изолација зашто позитивни на корона-вирусот се две негувателки. Во изолација од оваа градинка се и осумте члена на персоналот. Градинката е дезинфицирана и треба да проработи по дваесетина дена.
Позитивна на корона вирус е и една воспитувачка од градинката „Аличаир“ каде во самоизолација се пратени 15 деца, заедно со воспитувачката која била во контакт со заразената негувателка. Во оваа градинка се сместени стотина деца, а во другите групи засега нема никаков проблем.
Како што информира директорот на прилепските градинки „Наша иднина“ Орце Тодоровски, во другите градинки засега нема никаков проблем. Во петте градинки во Прилеп се сместени околу 500 деца.
Што се однесува до училиштата само едно, второ одделение во ОУ „Климент Охридски“ со 20 деца е во изолација откако наставничката е позитивна на корона-вирусот.
Comments are closed for this post.