Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на Британците да се подготват за можноста Лондон да не постигне договор со Европската Унија доколку Брисел суштински не го измени својот став кога станува збор за трговијата и безбедноста.
Во телевизиско обраќање до нацијата, Џонсон не кажа дека ќе ги напушти преговорите иако истече рокот кој тој го постави за постигнување договор околу спорните прашања.
Наместо тоа, им порача на сонародниците да се подготват за можноста земјата на 1 јануари да излезе од ЕУ без договор.
Лондон и Брисел следната недела треба да ги продолжат преговорите.
Многу е постигнато кога станува збор за прашањата за општествена безбедност, авијацијата, нуклеарната соработка и така натаму. Но, од некоја причина очигледно е дека по 45 години членство во ЕУ тие не се спремни, освен ако дојде до некоја суштинска промена во пристапот, да ѝ понудат исти услови на оваа земја како на Канада. Имајќи предвид дека имаме уште 10 недели до крајот на транзицискиот период, мораме да се подготвиме за 1 јануари со аранжман кој е сличен на австралискиот – заснован врз едноставните принципи на глобалната слободна трговија, кажа тој.
Comments are closed for this post.