Италија во неделата регистрира 11.705 случаи на коронавирус, а властите подготвуваат нови мерки за борба против вториот бран на Ковид-19. Италија во саботата имала 10.925 нови инфекции.

Италија е една од најтешко погодените европски земји во првиот бран на епидемијата и има втор најголем број на смртни случаи во Европа по Велика Британија.

Од почетокот на епидемијата, според официјалните податоци, во таа земја починале 36.543 лица.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте им се обратил на новинарите во неделата вечерта, велејќи дека стратегијата не може да биде иста како и минатата пролет, бидејќи во меѓувреме е научено и направено многу, но дека „ситуацијата е критична“.

Ќе се следи ситуацијата од ден на ден, од општина до општина, пренесува Јутарњи лист, а градоначалниците добиле право да затворат сè по 21 часот. Практично, тоа значи повремен полициски час“.

Сепак, децата сè уште одат во градинки и пониските одделенија во основните училишта, од шесто одделение па натаму, во повеќе часови, но наставата е флексибилна, па така, онлајн-часовите и одењето во училиште се комбинирани.