Шефот на Дипоматијата Бујар Османи во врска со изјавата на лидерот на изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Османи ја повтори и изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека сѐ што ни се случува однадвор не ѝ се случува само на Владата туку на сите граѓани, вклучувајќи ја и опозицијата и дека оттаму не треба да влегуваме во меѓусебни политички битки околу овие прашања, бидејќи за нивно решавање е многу важна внатрешната кохезија.
Мицкоски го има мојот број и може да ми се јави, јас сум подготвен да комуницирам со него на дневна основа. Не е добро за овие прашања да се шпекулира на дневна основа. Основната порака за време на мојата посета на Софија беше пренесена од премиерот Бојко Борисов кој рече дека не сака Бугарија да дојде во ситуација да ја блокира Македонија и дека очекува пробив во работата на Мешовитата историска комисија. Основната порака е таа и врз основа на неа се обидуваме да ја интензивираме комуникацијата. Добро е што Комисијата продолжи со работа во Скопје. Ги охабруваме да најдат заеднички точки на приближување, а ние ќе продолжиме да разговараме на сите политички нивоа ако има одредени недоречености-рече Османи.
Comments are closed for this post.