Нарушените меѓучовечки односи на Клиниката за инфективни болести е главна причина за одливот на кадри од болница. Вработени во оваа јавна здравствена установа во изјава за Скопје Инфо велат дека нова група вработени размислуваат за премин од јавното во приватното здравство, а главна причина за тоа е дрскиот однос од страна на менаџментот кон доктори и медицински сестри кои долго време работат таму.
Во новата група на вработени кои размислуваат и преговараат за трансфер има доктори и медицински сестри кои се вистински професионалци кои долго време се вработени таму и кои буквално го носат целиот товар во клиниката. Безобразниот однос од страна на менаџментот ги демотивира и разочарува. Доколку тие си заминат од болницата во прашање ќе се доведе нејзиното функционирање, но и здравјето на граѓаните, велат тие во изјава за Скопје Инфо.
Тие додаваат дека арогантниот однос на двете директорки, здравствениот и економскиот менаџер и притисокот кој тие го прават врз вработените од ден на ден станува се полош, а многу често во заканите кои ги добиваат вработените се злоупотребуваат и имиња на фисоки функционери во власта.
Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена информираше дека една докторка од Клиниката за инфективни болести дала отказ и планира да замине да работи во приватна болница. Според него, и докторката која го раководела Инфективното одделение во Градската болница „8 Септември“ најавила дека ќе замине во приватна болница. Неколку дена претходно, дополнителни три медицински сестри заминаа од болницата.
Comments are closed for this post.