Немаме доволно инпектори меѓутоа максимално со она што се располага, инспекторите се искористени. Сите инспектори што се со звање советник или помлад инспектор ги користиме за излегување на терен и дење и ноќе во зависност од нивната смена, денеска Министерството за финансии го одби барањето за вработување на 20 инспектори потребни во ДПИ, истакна денеска на прес-конференција во Владата директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на која претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска информираше за активностите на инспекторите за периодот од 5 до 11 октомври.

Директорот на ДПИ рече дека до крајот на годината се очекува 37 инспектори да заминат во пензија, а дека новите примени од пред годинадве сеуште се на обука пред да излезат на терен.

Прашан за изречените пријави од страна на пазарниот инспекторат, од 5 до 11 октомври, Пауновски рече дека тие се однесуваат на новите протоколи изнесени од Комисијата за заразни болести, а тоа се за четоворица на маса и другите дополнителни одлуки кои се донесени.