Итна средба со сите релевантни институции, ревизија на сите протоколи кои се однесуваат на музичарите со цел нивна измена и дополнување, месечни состаноци со Комисијата за заразни болести и поголема застапеност на македонските музичари во медиумите побара денеска Здружение за унапредување на правата на музичарите „Музика – сега“.
Од Здруженито велат дека за сите протоколи предложени од Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на музичките настапи не биле контактирани ниту еднаш. Според нив, ограничувања за музиката изразени во децибели се смешни, и појаснуваат дека голем дел од музичарите во земјава се на работ на егзистенција.
Како што велат, потребно е веднаш да се преземат мерки за да можат да работат.
Бараме итна средба со сите релевантни институции на која ќе бидат продискутирани сите актуелни проблеми на целата фела, и ќе пробаме заеднички да изнајдеме механизми за помош и поддршка од Владата, а притоа ние како Здружение, заедно со сите негови членови, односно разни групи и музички проекти од коишто сме дел, ќе се понудиме да помогнеме и да организираме музички настани ширум целата држава, при што би биле опфатени сите музички правци и со правична застапеност на сите етникуми во Македонија, за кои секако музичарите би добивале хонорари со кои ќе можат да ги преживеат следните четири/пет месеци, додека гледаме рестриктивните мерки и протоколи се заоструваат, рече на денешната прес-конференција претседателот на Здружението, Трајко Симоновски.
На овој начин тој верува дека ќе можат да го одржат и постојано да го креваат нивото на култура, во соработка со постоечките и функционални Домови на културата и општините во кои би се одржувале овие настани.
Од Здружението бараат и итна ревизија на сите протоколи што се однесуваат на музичарите, за кои како што велат, во најскоро време ќе предложат измени и дополнувања на веќе постоечките протоколи и мерки.
Според нив, и Комисијата за заразни болести барем еднаш месечно треба да одржува состанок со музичките здруженија каде би присуствувале максимум по еден до две претставници од секое здружение, на кој би се разгледувале тековните и актуелните проблеми.
Искрено се надеваме дека може и ќе продложиме до Владата и Министерството за култура да се одвојува дел од годишните општински буџети за организирање на музички настани на територијата на цела држава, а исто така и децентрализација на буџет преку Министерството за култура кое смета дека треба да биде наш заштитник, поддржувач и помагател на сите проекти кои вредат и заслужуваат да бидат претставени пред јавноста на крајот на краиштата овие органи треба да постојат за унапредување на културата, културно издигнување на индивидуалецот, посочи претседателот на Здружението.
Од „Музика – сега“ бараат и поголема и правична застапеност на македонските музичари во медиумите, поточно во електронските медиуми, тв, радио, каде ќе можат да остваруваат за неколку проценти поголеми приходи од Здружението за заштита на авторски права, средства кои би помогнале во дополнително инвестирање во музиката, нова опрема, снимање на албум, видео запис
Comments are closed for this post.