Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот најнов извештај прогнозира далеку поцрно сценарио за економиите на сите држави во регионот.
Според извештајот на ММФ, најголем пад на економијата ќе забележи црногорската економија чијшто БДП ќе се намали за високи 12 проценти. Висок пад на бруто домашниот производ од 9 проценти ќе забележи и хрватската економија, додека ММФ прогнозира дека БДП на Албанија и Косово ќе се намали за 7,5 проценти, на БиХ за 6,5 проценти, за Северна Македонија за 5,4 проценти, а најмал пад на БДП ќе забележи српската економија од само 2,5 проценти.
Македонската економија годинава ќе забележи пад од 5,4 проценти, проекција која е далеку полоша од априлската, кога ММФ прогнозираше пад на македонската економија за 4 проценти.
Подобри бројки се очекуваат од наредната година, кога македонскиот БДП би остварил раст од 5,5 проценти. Годинава би ја завршиле со инфлација од 0,9%, и дефицит на тековната сметка од 4,7%.
Корона кризата силно ги погоди економиите во светот, но најмногу ќе страдаат сиромашните земји, кои ќе имаат потреба од финансиска помош од другите земји. ОД ММф предвидуваат дека бројот на отпуштени работници ќе расте, а сиромашните ќе станат уште посиромашни.
Сепак, од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидуваат дека глобалната рецесија, предизвикана од корона кризата ќе биде послаба отколку првичните проценки. Проценката на ММФ е дека светскиот БДП ќе се намали за 4,4 проценти што е за 0,8 проценти помалку од јунските проекции.
Comments are closed for this post.