Истрагата која трае речиси една деценија против поранешниот француски претседател Никола Саркози, во врска со обвинувањата дека Моамер ал-Гадафи ја финансирал неговата предизборна кампања во 2007 година, е при крај. Доколку биде прогласен за виновен, на поранешниот прв човек на Франција му се заканува казна затвор од десет години.
Саркози, кој е обвинет за примање милиони евра од поранешниот либиски лидер и неговата придружба во 2005 година, за подготовка на кампањата за изборите во 2007 година, беше сослушан во парискиот суд минатата недела, откако беа одбиени сите негови жалби.
Доколку биде прогласен за виновен, Саркози може да се соочи со затвор од десет години, парична казна од милион евра и пет години забрана да бира и да биде биран. Судењето треба да се одржи во периодот од 23 ноември до 10 декември.
Пред Саркози, суден беше и поранешниот француски претседател Жак Ширак, но тој беше обвинет по други основи, за несоодветна употреба на јавни средства.
Comments are closed for this post.