В недела централната прослава за 1.000 години од Бигорскиот манастир

13.10.2020 / 9:55


В недела на 18 октомври ќе биде одржана главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Централната прослава ќе почне во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА. По завршувањео на литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.

Митрополитот г. Тимотеј и епископот г. Партениј, пак, ќе доделат ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Со цел запазување на мерките за здравствена заштита, целата програма на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на манастирот, каде што ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето  маски и одржувањето на потребното растојание, ќе бидат задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари.

По тој повод е објавен пригоден видео спот „1.000 години Бигорски манастир“, специјално подготвен за милениумскиот јубилеј од страна на продукциската куќа „Дрим фектори“.

Од Бигорското братство информираат дека од одбележувањето на овој многу голем јубилеј ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, како и на фејсбук страницата и на јутјуб каналот на Бигорскиот манастир.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Чии мозоци од Македонија се користеле во експериментите на Епштајн?

пред 6 часа
Македонија

Кој ќе го купи? „Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра

пред 12 часа
Македонија

Вака треба да изгледа првата подземна сообраќајница „Македонија“

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски најави: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје

пред 1 ден
Македонија

Тошковски: Ќе има известување и за тие што ја пречекориле законски дозоволената граница, но без казнување

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски до СДСМ: Не може да победам место вас на избори

пред 3 дена
Македонија

Касно Венко во Брисел стигнува

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата

пред 4 дена
Македонија

Во „1000 зошто 1000 затоа“ не пишува дека Филипче треба да ги контролира медиумите

пред 5 дена
Македонија

Што пие и јаде ДИК: Маричиќ е нов претседател

пред 5 дена