Во изминатото деноноќие од корона вирусот во Бугарија починале 23 лица. Тоа е најголемата бројка регистрирани смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата во Бугарија. Со ова, вкупниот број починати ја надмина бројката од 900 лица.
Се зголемува и бројот на новозаболени. Од 4.320 тестови, како позитивни се регистрирани 587 лица или позитивни се 13,5 отсто од тестираните.
Во последното деноноќие се регистрирани 128 оздравени лица.
Според заменик-министерот за здравство, Бојко Пенков, денешните високи бројки се должат на необјавените резултати од два дена.
Comments are closed for this post.