Од четврток во Албанија маски и на отворено, казните во сметките за струја

10.10.2020 / 19:18


Од четврток во Албанија се воведува задолжтелно носење заштитна маска и на отворен простор, најави премиерот Еди Рама, на денешната прес конференција.

-Оваа мерка за превенција од коронавирус ќе стапи во сила в четврток, 15 септември. Сите граѓани се обврзани да носат маска насекаде, на улица, на секој јавен простор, освен дома и угостителски објект каде што ќе седат на маса за да го потрошат тој дел од времето таму, рече Рама.

Додаде дека маската не е задолжителна само во Албанија, туку и во многу земји во светот, посочувајќи дека казните за непочитување на мерката ќе бидат ригорозни и ќе се внесуваат во сметките за потрошена електрична енергија.

– Ниту еден поединец нека не се надева дека ќе ја избегне казната. Сите земји од регионот се движат кон оваа мерка. Ние сме во битка да ги систематизираме односите со сите служби и сите бизниси со тоа што ќе се ослободиме од оние инспектори кои за разлика од повеќето ги уништуваат овие односи. Државната и општинската полиција ќе ја контролираат целата територија и ќе бидат со нулта толеранција за секој кој нема да носи заштитна маска. Се надевам на совеста на граѓаните, изјави Рама.

Исто така нагласи дека целта на секој Албанец не треба да биде повторно затворање, бидејќи тоа би било лошо за економијата а тоа е можно да се избегне само со носење маска.

-Да не затвораме ниту еден бизнис, ниту едно училиште, да не ја затвораме земјата, затоа што знаеме колку е лошо за економијата на земјата. Подобро маска денеска,отколку затворени дуќани утре, подобро маска денеска отколку затворени училишта утре, подобро маска денеска отколку цел град во карантин утре, порача Рама.

Во Албанија во последната недела редовно се регистрира негативен рекорд на новозаразени. Од направени тестови дури 18 отсто од нив се позитивни на опасниот вирус. Меѓу заразените има и медицински лица, просветни работници, воспитувачки во градинки.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Мислите дека секаде е море: Ова се најстудените области во Грција

пред 2 дена
Регион

Фиат Панда си оди од Србија?

пред 5 дена
Регион

Eди го демантира Рама: Бугарите му ја извадиле од контекст изјавата дека Македонија мора да ги внесе Бугарите во Устав

пред 5 дена
Регион

Aко одите во Грција за Нова година треба да имате посебен сет за прва помош

пред 1 нед.
Регион

Рама, ај глеј си во својот двор

пред 1 нед.
Регион

Во Грција со дронови се внесуваат мобилни телефони во затвор

пред 1 нед.
Регион

Грчките власти ги пофалија македонските за разбвањето на иранската терористичка група

пред 1 нед.
Регион

Нови снимки: Ива се плашела дека ќе умре уште „вечерва“

пред 1 нед.
Регион

Родени фудбалери: Пред парламентот во Тирана полицијата ја гаѓаат со фудбалски топки

пред 2 недели
Регион

Михаилова се испишмани: Никој во Бугарија не ме принудил на ништо

пред 2 недели
Sahabetjojobet güncelcasino sitelericasino siteleriMerak Edilen Sorularcasino sitelerigrandpashabetgrandpashabet güncel girişgrandpashabet güncel girişgrandpashabet güncel girişgrandpashabet girişgrandpashabetdeneme bonusugrandpashabetgiftcardmall/mygiftbetkomextrabetbahis sitelerigrandpashabetgrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet kıbrısjojobet girişjojobet girişjojobet giriş