Контроверзниот бугарски европретеник Андреј Ковачев му се налути на премиерот Зоран Заев за честитката по повод 11 октомври.

Зошто на Заев му е потреба антибугарска провокација и тоа токму денес? Со вака поставено прашање се огласи бугарскиот европратеник Андреј Ковачев со статус на својот фејсбук профил, во кој изрази и провокација и потценување на македонското антифашистичко минато.