Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври.
Одлуката не се однесува на граѓаните на земјите членки на ЕУ и шенгенскиот договор, како и на граѓаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.
Одлуката се применува во периодот од 1 до 12 октомври 2020 година.
Министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи ја усвоија одлуката, објавена во „Службен весник“ на Грција.
Comments are closed for this post.