Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври.

Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите државјани на трети земји од кое било место на влез и на кој било начин, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски, од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од понатамошно ширење на Ковид-19 на грчка територија.

Одлуката не се однесува на граѓаните на земјите членки на ЕУ и шенгенскиот договор, како и на граѓаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Одлуката се применува во периодот од 1 до 12 октомври 2020 година.

Министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи ја усвоија одлуката, објавена во „Службен весник“ на Грција.