Европската народна партија (ЕПП) денес одржува Политичко Собрание, со кое претседава Претседателот Доналд Туск. Заради состојбата со корона кризата Политичкото Собрание се одржува преку видео конференција.
ВМРО-ДПМНЕ учествува во истото преставена од Потпретседателот Александар Николоски и меѓународен секретар и член на ИК Владимир Ѓорчев.
На Политичкото Собрание Николоски имаше свое обраќање во кое ги информираше партиите членки на ЕПП за недемократската атмосфера во која поминаа изборите на 15ти Јули, поткупот на гласачи, директен и институционален, притисокот врз гласачите, како и нееднаквиот пристап за промоција на својата програма и кандидати кои го имаше ВМРО ДПМНЕ заради злоупотребата на вонредната состојба од страна на СДСМ.
Николоски информираше за активностите кои ги има партијата како и протестите кои ги организира, како и за корупциските скандали кои ја следат Владата на Заев.
На Политичкото Собрание се зборува за состојба во Медитеранот, судирот во Нагорно Карабах, корона кризата, како и извештаите на ЕПП и следните активности.
Политичкото Собрание продолжува во текот на денот.
Comments are closed for this post.