Учениците ширум земјава од денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако викендов им беа доделени лозинки со кои им е овозможен пристап до неа.
Платформата падна на првиот тест, откако повеќе родители и ученици денеска не можеа да се најават на неа.
Од Министерството за образование и наука смируваат, односно велат дека тоа е дел од тестирањето и станува збор само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.
Ова е очекувано, затоа служи тестирањето, тоа е поентата, да се види издржливоста на платформата – велат од МОН, додавајќи дека не станува збор за некаков проблем со платформата.
Денеска и утре се очекува сите ученици ширум земјава да ја тестираат Националната платформа, со цел да се види нејзината издржливост пред стартот на новата учебна година која започнува во четврток.
Comments are closed for this post.