Тенкото парламентарно мнозинство од само 62 пратеници и неможноста воопшто да почнат седници власта сака да го „реши“ со работа од дома. Наместо пратениците да бидат таму каде што им е местото, во Собранието, се прави евтин обид тие да можат да работат „онлајн“.
Власта засега нема конкретен план како тоа би го извела, но најверојатно ќе се носи правилник, под изговор дека тоа се прави поради корона вирусот и заштеда на патните трошоци кои пратениците од внатрешноста би ги направиле со секојдневно доаѓање во Скопје.
Но, намерата е сосема друга. Власта многу тешко ќе обезбеди 61 пратеник колку што се потребни Собранието воопшто да започне со работа, а камоли да носи одлуки.
Неколкумина од нив како Али Ахмети и Мендух Тачи доаѓаат во Собрание само кога треба да се носат важни и двотретински закони. Од друга страна опозицијата, пред се ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да им пополнуваат бројка и сигурно и тие пред секој седница ќе бројат колкумина има од власта пред да влезат во салата.
Затоа, власта сака пратениците да си работат од дома, но нејасно е како тие би гласале и дебатирале и како би се контролирал чинот на пребројување на гласовите.
Ова пак е спротивно и од членот 69 од Уставот во кој јасно е наведено како може да работи Законодавниот дом.
Собранието може да работи ако на седницата присуствувамнозинството од вкупниот број пратеници. Собранието одлучувасо мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку соедна третина од вкупниот број пратеници-стои во Уставот.
Comments are closed for this post.