Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дел поранешни, но и сегашни, имаат заеднички став дека во партијата немало никаква одлука за присуство или поддршка на протестите наречени „За заедничка Македонија“.

Според нив, тоа било лична одлука.

Мене никој не ми кажал што да правам или каде да одам, ниту, пак, сум присуствувал на состанок на општинските комитети – објасни Крсто Јовановски.

Со сличен став е и Трајчо Димков. Тој со семејството присуствувал на протестите во Штип и видел многу загрижени и исплашени луѓе за тоа што тогаш се случувало во државата.

Ние како партија не организиравме ништо. Присуството на протестите беше личен став – изјави поранешниот пратеник.