Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Хаг на 2 и 3 септември.

Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалното обвинителство за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, преку соопштение на Фејсбук, во кое напиша дека е повикан и оти „ќе оди во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК“.

Али Ахмети беше еден од основачите на „УЧК“ на Косово но и на огранокот во Македонија „ОНА“.

Тој по војната во 2001 година ја основаше партијата ДУИ која речиси две децении е на власт со партиите од македонкиот блок.

Но, тоа што Ахмети засега е повикан како сведок ништо не мора да значи. И останатите основачи на УЧК, како Хашим Тачи, Кадри Весели и Рамуш Харадинај во Хаг заминаа како сведоци но се вратија со обвинение.

Тие се теретат за злосторства против човештвото и воени злостортва. Тие се сомничат дека се непосредни извршители или нарачатели на преку сто убиства.

Во нивен прилог или штета оди што во последните десет години педесетина цивили кои се согласиле да сведочат се водат како исчезнати или се ѕверски убиени.