Поднесовме три барања за вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски но бевме одбиени со образложение дека тие го извештачиле за потребите на обвинителниот акт и дека во тоа сме имале увид. Вистината е дека тој фамозен телефон никогаш не е вештачен, а особено не о вешто лице, вели во интервју за „Република“ , адвокатот Сашо Дукоски.
Тој објаснува дека и истражителот кој се самонарекува форензичар признал дека е без лиценца и оти не извршил вештачење туку анализирал само три слики.
Во телефонот на Боки има многу работи кои би утврдиле поинаква фактичка состојба, фотографии и разговори. Мислам дека попрво Обвинителството ќе се сруши отколку да дозволи телефонот да се вештачи- убеден е Дукоски.
Пандорината кутија што Боки ја најавуваше , Дукоски се надева дека ќе биде отворена доколку политичарите се појават како сведоци во суд.
Ние не ги викаме за да правиме некое шоу или циркус.Ги викаме на конкретни околности дали знаат дали биле вкучени бидејќи тоа било проект од општ интерес.Тоа не е нешто што му текнало на Бојан Јовановски и реално тоа еден човек не може да го направи.
Дукоски вели и дека Боки не е во добра здравствена состојба.
Не може да биде добро ако му вадат материјал од желудникот за биопсија.Во провладини медиуми беше објавено дека немал карцином. Значи ако нема карцином тој е супер здрав. Не може така. Која е причината некого да држите во ефективен притвор-објаснува неговиот адвокат.
Во врска со случајот „Меѓународен сојуз“ Дукоски објаснува дека бизнисмените Мицевски и Амзовски до последен момент верувале во проектот на Јовановски за изградба на стари лица.
Јавноста виде како Мицевски излегува од Обвинителството или вели дека не е измамен и оти верува во проектот. Подоцна му се прати финансиска контрола во неговите фирми и после неколку денови тој поднесува кривична пријава за измама и добива својство на оштетен и така тргнува овој предмет.
Целиот разговор слушнете го во видео разговорот што го водеше новинарот Игор Чавески.
Comments are closed for this post.