Лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Косово Хашим Тачи, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, поранешниот спикер на косовското собрание се само дел од албанските политичари кои се повикани да сведочат во Судот за воени злосторства на Косово. Сите тие пред хашките истражители ја образложуваа својата улога во паравоената УЧК во војната против Србите.
Идејата за основање Специјален суд за воени злосторства на Косово се појави по истрагата на специјалниот пратеник на Советот на Европа, швајцарскиот сенатор Дик Марти. Неговиот извештај, претставен во Советот на Европа, ги товари бившите членови на ОВК за киднапирање припадници на малцинствата, нивно малтрерирање, убиства без судења, па сѐ до трговија со човечки органи. Сите овие тврдења бившите лидери на ОВК ги отфрлаат.
Во почетокот на август 2015. година, по меѓународниот притисок, косовското Собрание усвои Закон за Специјален суд со седиште во Хаг, во кој ќе работат само меѓународни обвинители и судии
Comments are closed for this post.