Во пресрет на отворањето на границите и аеродромите во Грција на 1 јули, Генералниот секретаријат за цивилна заштита со девет упатства, преку кампањата „Уживајте во престојот и останете безбедни“ , ги информира туристите и посетителите за неопходните мерки за заштита од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Следната среда се отвораат 27 аеродроми, седум копнени гранични премини и седум пристаништа за влез во Грција, а предвидено е на сите влезни точки да постои информативен материјал и упатства за заштита од Ковид-19.
Кампањата на Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција со е во соработка на Националната организација за јавно здравје, со Агенцијата за цивилно воздухопловство, компанијата „Фрапорт“ што управува со регионалните аеродроми и атинскиот аеродром.
Упатствата се на англиски, француски и германски јазик и ги потсетуваат туристите на главните мерки за превенција, односно да користат маска, да ги дезинфицираат рацете, да одржуваат растојание, да избегнуваат употреба на лифтови, да избегнуваат допирање на очите, устата и носот, доколку е можно, да користат плаќање со бесконтактна картица и сл.
-Целта на информативната кампања, што е целосно во согласност со базата на информации на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, е да обезбеди точни информации, така што отворањето на грчкиот туризам да обезбеди безбедноста за сите, за посетителите и постојаните жители во нашата земја, соопштуваат од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција
Comments are closed for this post.