Додека се уште се справуваме со кризата КОВИД 19 и уште во овој момент се наметнува прашањето за соодветно складирање на отпадот што произлегува токму од кризата, помалку сме фокусирани на она што доаѓа со отпочнувањето на пристапните преговори во делот на животна средина и управување со отпад. Овие регулативи, животна средина и климатски промени се познати како Поглавје 27, и од нивното имплементирање зависи многу.
Во интервју за дадено за ресурсната платформа за граѓани и медиуми mk@eu, Јадранка Иванова, експерт за животна средина (Тим лидер/експерт за апроксимација за програмата „Поддршка на преговорите за животната средина на Албанија за во ЕУ, Поглавје 27 (SANE27)“), вели дека справувањето со отпадот и заштитата на животната средина е најсложената област и најпроблематичната точка во која е многу понапредни земјите биле забавени и од повеќе фактори. Еден фактор се финансиите, односно имплементирањето на сите регулативи кое подразбира обемни инвестициски студии, капацитети, постројки. А втор голем предизвик ќе биде човечкиот фактор. Прашањата поврзани со животната средина, управување и селектирањето на отпадот, првенствено се базира на промени во елементарното однесување на граѓаните, нивните секојдневни навики и практики. Нашето знаење и нашата свест за селектирањето на отпадот се на многу ниско ниво, така што навистина многу ќе биде потребно да се едуцираат граѓаните, но и деловните субјекти за одложување на отпадот, селектирање, однесување во природата.
За Поглавјето 27, Иванова вели дека “е едно од најкомплексните и најскапите поглавја. Тоа опфаќа неколку области кои директно се поврзани со секојдневниот живот на луѓето. По обемот на законодавството што треба да се усогласи е второ по ред и покрива десет различни области”. Ако другите поглавја се измени во административните процедури, начини на регулирање на работите и уредување на процесите на донесување одлуки, Поглавјето за животна средина, бара промени кои ги опфаќаат секојдневните навики и практики на граѓаните и бизнисот и затоа промените се толку важни.
Според Иванова, спроведувањето на регулативите за управување со отпадот, во однос на другите прашања чини помалку, 200-300 милиони евра, во финансии, исполнувањето на обврските за управување со отпадот и водите, бара цирка 1000 евра по глава на жител.
Вистински проблем ќе биде да се уверат граѓаните дека сопствениот отпад треба некако да се менаџира, дека не може да си го чуваме во дворот, посебно сега кога забранивме увоз на отпад, па соодветно нема да може ни да го извезуваме. Синдромот ”само не во мојот двор“ ја зафати земјава од првиот момент кога се изработија студии за изградба на регионални депонии за комуналниот отпад. Иако овие депонии повеќе се центри за постапување со отпад, при што помалку од 20 % од отпадот ќе се депонира, јавноста сè уште протестира да се изгради депонија во нивна близина. Јавноста не е доволно запознаена со потребата и предноста на постоење на еден интегриран систем за управување со отпадот во кој постои современа депонија и систем на трансфер станици што ќе работат со примена на најсовремени достапни технологии. Сведоци сме на тоа дека населението, а и некои граѓански организации, ги охрабруваа и ги славеа како правилни донесените одлуките за референдум на населението за забрана за изградба на депонии во нивна близина. Се чини како ова право на референдум да го немаат другите населени места во Република Северна Македонија. Никој не размислуваше што ако сите изгласаме ваков референдум. Што ќе правиме со отпадот кој го создаваме, каде ќе го фрлиме, дали може да го извеземе, дали некој ќе ни го одобри тоа сега кога изгласавме дека не сакаме увоз на отпад?”, појаснува Иванова во интервјуто.
Во контекст на управувањето со отпадот е и потенцијалот на отпадот да биде искористен и пренаменет во извор на енергија со цел заштита на другите наши природни ресурси, а тоа е посебно корисно за локалната економија.
Како почетна точка на сите овие повеќеслојни задачи од Поглавје 27 е да се побара решение за домашниот отпад, ако не можеме да го извезуваме. Во тековното набљудување, единствено разумно решение се депониите. Во секој случај, во нашиот двор или во некој друг двор, управувањето со отпадот треба да се спроведе, а факт е дека без одржливо управување со отпад и ефективни мерки, Поглавјето 27 може дури и да не се отвори како и сите останати поглавја за Северна Македонија во ЕУ.
Comments are closed for this post.