Во општина Гостивар нема новорегистирани случаи на инфицирани со коронавирусот. Вкупната бројка на инфицирани до денеска останува, пет. Нов случај е регистриран во соседната општина Врапчиште. Со што во оваа полошка општина има три лица позитивни на Ковид- 19.

Утрово, до кризниот штаб за трите гостиварски општини е доставена информација од Институтот за јавно здравје, а неа ја потврди и градоначалникот Арбен Таравари. Во неа било наведено дека жител на селото Неготино Полошко е позитивен на тестот за Ковид-19.. Засега нема информации за неговата здравствена состојба и какви симптоми имал.

Според најновата статистика, во Гостиварско се тестирани вкупно 153 лица, од кои девет се позитивни. Меѓу нив има тројца здравствени работници и еден граѓанин, три лица од општина Врапчиште, еден струмичанец кој бил во државен карантин во Маврово. Еден медицински техничар кој на првиот тест се покажал како позитивен, а на повторното тестирање покажал негативен резултат.