Кина ја оцени како „погрешен потег“ одлуката на САД за еднострано повлекување од значајниот договор од времето на Студената војна со кој од Европа беа повлечени нуклеарните ракети.
Кина се противи на ваквата одлука, соопшти портпаролката на министерството за надовешни работи Хуа Чунјинг, на редовната прес конференција за новинарите.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата соопшти дека Вашингтон ќе се повлече од Договорот за ликвидирање на ракети од среден дострел, кој во 1987 година го потпишаа тогашните претседатели на САД и Советскиот Сојуз Роналд Реган и Михаил Горбачов.
Comments are closed for this post.