АНКЕТА НА МКД.МК

Расте разочараноста на граѓаните од власта, ВМРО-ДПМНЕ води убедливо пред СДСМ

23.12.2019 / 19:02


Македонија оди во погрешна насока, судството со години добива единица во однос на довербата кон граѓаните, владее страв во политичкото изјаснување, опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред СДСМ, а криминалот и корупцијата се на врвот од предизвиците со кои новата власт ќе треба да се соочи. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета на МКД.мк, спроведена од Маркет вижн на 1.200 граѓани во периодот од 12 до 20 декември

Анкетата покажува дека во однос на оценките за државните институции (градоначалник, претседател, премиер, влада, судство) никој нема поголема оценка од 2,61 (претседателот на државата). Од 1 до 5 најниска оценка доби судството (1,79), а кај премиерот очигледна е надолната линија – од 2,61 во ноември 2018, до 2,40 во декември.

Големо е и незадоволството за тоа дали Македонија оди во добра или погрешна насока. На оваа анкета дури 61 отсто од прашаните граѓани одговориле дека Македонија оди во погрешна насока (во ноември 2018 година овој процент беше 54,9 отсто). Намалени се бројките кај граѓаните кои во ноември 2018 одговориле дека Македонија оди во добра насока (32,6%), во декември годинава тој процент е 27,9 отсто.

Во однос на политичката определеност на гласачите ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ е во предност (14,17%) пред СДСМ (11,58%) од 1.200 анкетирани.

Ако овие бројки ги пресметаме само во однос на оние кои се определиле (929), тогаш разликата е – за ВМРО-ДПММЕ 18,3%, за СДСМ 15%.

Висок е процентот на оние кои одговориле дека ќе ги бојкотираат изборите (22,5%) и оние кои велат дека сѐ уште се неопределени (21,67%).

И во албанскиот политички блок, опозициските партии здружени (Алијанса за Албанците, Беса и Алтернатива за Албанците) би можеле да освојат повеќе пратеници од ДУИ.

Меѓу гласачите Македонци разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е поголема – 12,6%:7,2%. Висок е и процентот на гласачите Албанци кои би гласале за СДСМ – 2,1%.

 

Анкетата е извршена на репрезентативен примерок на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. Албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

НОВА АНКЕТА

Погледнете семафор: Mицкоски 20,4 посто доверба, Филипче 3,8

пред 17 часа
Македонија

Дебакл на Филипче во Прилеп

пред 17 часа
Македонија

Kaле ќе светне, по реновирањето ќе се наплаќа и влез (ФОТО)

пред 17 часа
Македонија

Прв конгрес на Српската демократска лига на Саша Богдановиќ

пред 2 дена
Македонија

Еден пазарџија гради во Дубаи, друга пика купчиња пари в ѕид: Што пазар ќе беше тоа во Горњи Милановац?

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски за предремени избори: Сѐ е можно, но ние сме влада избрана за мандат од четири години

пред 2 дена
Македонија

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец уриваме рекорди

пред 3 дена
Македонија

Што ќе си кажат Петрова и Муцунски?

пред 3 дена
Македонија

Заев и Османи да можат би ја откопале и Самоиловата тврдина во Охрид, ама има многу за утовар и истовар во Софија

пред 3 дена
Македонија

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

пред 4 дена
pusulabetbetebetjojobet girişjojobetjojobetjojobet girişJojobetjojobetjojobet girişjojobet girişMarsbahisjojobetjojobet girişmobilbahisCratosroyalbetporno videoporno izlepornotürk porno izleporno izlepornogamdom girişgamdomdoedaporno video izlejojobetmatbet girişdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerpusulabetcasibomcasinofastBetsatjojobetjojobetjojobet girişjojobet girişjojobetjojobetbetasusjojobet girişjojobet girişesbet