Иако до мечот од Лигата на Нации меѓу Македонија-Косово има уште три месеци, уште отсега почнаа стравувањата дали се ќе помине во најдобар ред. Мечот ќе се игра во Скопје наместо во Струмица и тоа може да влијае на безбедноста на посетителите.
Проблем се навивачите на гостите, како од Косово, така и овдешните Албанци. Тие речиси сигурно ќе навиваат за Косово, а тоа може да создаде многу проблеми. Според правилата на УЕФА, навивачи на двете екипи мора да бидат физички разделени и на спротивни трибини.
Но, како ќе се забрани на овдешните Албанци да купат билет и да ја бодрат репрезентацијата на Косово. „Спорт 1“ дознава дека Фудбалската федерација на Косово не сака нивните навивачи кои ќе дојдат и кои имаат право да добијат билети да се мешаат со овдешните Албанци. Причина за тоа се високите казни кои би ги платиле во УЕФА ако има инциденти и непристојно навивање.
Comments are closed for this post.