Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владејачкото мнозинство изјави денеска Никола Мицевски, координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ
Имено, Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО – ДПМНЕ. СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност. По бројните притисоци од сите заинтересирани страни односно пазарџиите и организаторите на пазарите, примената на Законот, на крајот на јануари 2019 година, беше одложена до почетокот на 2020 година. Ваквото решение беше исклучиво за смирување на пазарџиите кои протестираа во пресрет на најавените претседателски избори, изјави Мицевски.
На 50тина дена до денот на стапување во сила на овој штетен Закон за пазарџиите и организаторите на пазарите, ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата предлагаат истиот да престане да важи. Ваквото барање за измени на Законот за трговија на зелени пазари за престанување на важење на Законот доаѓа по консултации со пазарџиите и организаторите на зелените пазари. Знаеме дека нашиот предлог по вторпат ќе биде одбиен. Сите се свесни дека Зоран Заев ќе прифати се, па дури и одлагање на стапувањето во сила на Законот поради предвремените парламентарни избори на пролет. Но, она што е најбитно дека ниту еден предлог кој ќе биде на предлог на Владата предводена од Зоран Заев нема да го реши проблемот на пазарџиите.Новата Влада на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе изврши консултации со сите засегнати страни, пазарџии и организатори на пазари и ќе се донесе законско решение со кое ќе се задоволат сите засегнати страни, кажа Мицевски.
Comments are closed for this post.