По изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека Договорот од Преспа кој се однесува за внатрешна употреба на новото име ќе биде ставен на „чекање“, со слична изјава се јави и министерот за надворешни работи.
Toj на денешната седница на Комисијата за Европски прашања истакна дека делови од Договорот од Преспа се поврзани со почетокот на преговорите за членство кои сега не може да се имплементираат.
Во Договорот во однос на внатрешните документи има условување со почетокот на преговорите. Договорот не може да се имплементира во целост ако не сме во ЕУ – објасни Димитров.
Заев пак смета дека тоа што не добивме датум не е пречка Македонија да го спроведува договорот од Преспа, иако на тоа не сме обврзани доколку нема почеток на преговорите за членство.
Стои „Архив на Македонија“. Не може да стои Архив на Македонија, имаме Устав во државата и тоа треба да се промени.Треба да постапи по договорот.Во општините имаме обврски кои општините треба да ги реализираат.Треба да оставиме впечаток дека го реализираме договорот, секако го очекуваме тоа и од грчка страна-објасни премиерот по недобивањето на датумот.
Со потпишувањето на Договорот, двете страни се обврзаа со кое темпо ќе тече менувањето на сите документи кои треба да го носат називот со новото официјално име „Република Северна Македонија“.Овој процес требаше да го следи отворањето на поглавјата за конкретните области.
Во член 1 точка 10 од Договорот од Преспа јасно е наведено дека промената на документите и институциите ќе има два преодни периоди, еден„технички“ и еден „политички“.
Во политичкиот дел, кој се однесува на внатрешната употреба стои документите ќе треба да се менуваат при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија, и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.
Comments are closed for this post.