Министерот за надворешни работи за првпат по недобивањето на датум се појави на Комисијата за Европски прашања.

Во своето излагање тој истакна дека од Европската унија добиле признание за реформите и за постигнатото и потсети на изјавата на Јункер дека одлуката е историска грешка на Европскиот совет.

Според него, вината за тоа што не го добиме заслужениот датум треба да се бара и кај опозицијата која не го искористила моментот кога ЕУ била подготвена за проширување.

Ги испуштивме возовите кога Европа беше спремна, тогаш градевме споменици- рече Димитров.

ВМРО-ДПМНЕ негодуваше на оваа изјава на министерот и ја напуштија седницата. Димитров утре ќе говори и на комисијата за надворешни работи.