Заменик помошникот државен секретар на САД Метју Палмер на денешниот Белградски безбедоносен форум, својот говор на темата „Зајакнување на замаецот на Балканот“, го почна со состојбата во Македонија и значењето на членството во НАТО.
Како и ЕУ и НАТО е организација во која мора одредени стандарди да се исполнат. Црна Гора го потврди фактот дека со политичка желба, кога некој тоа го сака, може да влезе во една таква организација. Се надеваме дека тоа ќе биде случај и со Македонија следната година. НАТО веќе ја повика Северна Македонија да се зачлени во НАТО и преговорите ќе започнат наредната година, рече Палмер.
Тој во продолжение на говорот потенцираше дека „битно е да се подвлече дека европската иднина бара од Македонија и од Грција Договорот од Преспа да се прифати и во потполност. Нема алтернативно решение, нема Преспа плус, нема нешто што не чека зад некој агол, доколку македонското Собрание не го изгласа со двотретинско мнозинство овој договор„
Оние кои ја заведуваат македонската јавност говорејќи дека можат да обезбедат европска иднина за своите деца без компромисите кои преспанскиот договор ги бара, не и прават услуга на својата земја“, порача Палмер.
Наведувајќи дека во овој момент македонското Собрание расправа за потребните уставни измени, Палмер испрати порака до македонските лидери „дека мора да се издигнат над политичките поделби, бидејќи ваква историска можност нема повторно да се случи. Баравме од раководството на ВМРО ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да можат да гласаат според совеста, без грижи дека ќе имаат негативни последици после тоа.“
Тој додаде дека „САД не се вклучени во политичкиот процес што го прати Преспанскиот договор, но јасно и гласно го подржуваме овој договор и на ова треба да реагира и македонското Собрание“.
По посетата на Белград в понеделник заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД Палмер ќе го посети Скопје.
Comments are closed for this post.