Седницата за уставни измени која требаше да почне точно на пладне, не ни започна. Според информациите од Собранието, се очекува расправата да продолжи во 15 часот.

Премиерот Зоран Заев беше пресретнат од новинарите низ собраниските ходници. Запрашан зошто не започнува седницата за уставни измени, само кусо одговори дека не се присутни сите пратеници.

Поголем дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во собраниската сила за да ги стават картичките за присуство, но по кратко ја напуштија салата.

Во салата накратко се појави и поранешниот премиер Никола Груевски.

На листата за збор пријавени се околу 15 пратеници.

Дали денеска ќе се гласа, останува неизвесно.

Од албанските партии пак брифираат дека седницата ќе се одложи и дека продолжение ќе има на 24-ти месецов.