Косовскиот претседател Хашим Тачи е убеден дека 98 проценти од жителите на Прешевската долина на југот од Србија поддржуваат и се нзалагаат за обединување со Косово.
Зборувајќи за дијалогот меѓу косовските и српските делегации, Тачи нагласи дека е Србија и Косово не треба да се блокираат еден со друг за да можат да напредуваат.
Затоа, косовскиот претседател смета дека статус кво треба да се надмине, бидејќи тоа претставува регресија во сите области.
Замрзнатиот конфликт меѓу Косово и Србија треба да се надмине по мирен пат. Моја обврска е во рамки на дијалогот со Србија да не бидеме пречка за интеграција во ЕУ и НАТО. Косово не треба да го бојкотира дијалогот – нагласи косовскиот претседател.
Comments are closed for this post.