Трите силни земјотреси кои попладнево ја погодија Албанија предизвикаа голема материјална штета во повеќе делови во земјата, со вкупно 68 повредени лица, при што 52 се регистрирани само во Тирана.
Најголема штета е регистрирана на објекти во Драч, како и на возила врз кои паднал дел од градежен материјал од објектите. Во Драч земјотресот поделил на два дела повеќекатница а една куќа е урната во близнаи на автопатот Тирана-Драч.
Земјотресот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч е најсилен до сега по оној од април 1979 година. Почувствуван е во сите делови на Албанија и во соседните земји,-наведува телевизијата Ора њуз.
Тлото во Драч не мирува, по трите силни земјтреси регистрани се уште неколку со послаб интензитет.
Надлежнте упатија апел до жителите на Драч да не се враќаат во домовите порад можноста за нови потреси.
Comments are closed for this post.