Албанскиот премиер Еди Рама го откажа патувањето за Њујорк во ООН и вечерва се враќа од Франкфурт поради создадената ситуација по силниот земјотрес што ја погоди попладнево Албанија.

Министерството за одбрана на Албанија повикувајќи се на Институтот за енергетика, вода и животна средина, соошшти дека интензитетот на земјотресот бил 5,8 степени, а со 7,5 јачина, со епицентар 30 километри од Драч, покрај островот Родон.