Денешната блокада на патот Прилеп – Градско од страна на фантомското здружение е уште еден неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација на земјоделците. Денеска немаше никаков протест на лозари или овоштари туку очаен обид за искривување на реалноста од страна на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, донесен со автобуси пред Росоман, велат од СДСМ.
Наместо лозари и овоштари на денешниот таканаречен протест беа присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова секретарот на ОК Кавадарци, членови и претседателот на УМС Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски. Колку Трипуновски и членовите на фантомското здружение блиско до ВМРО-ДПМНЕ се навистина загрижени за земјоделците покажува тоа што одбија да разговараат со министерот Трајан Димковски за состојбите во лозарството. Тоа што од наводниот протест не произлегоа никакви барања потврдува дека проблеми со лозарите нема затоа што се решени и дека тоа е класичен партиски собир на ВМРО ДПМНЕ, информираа од Центар за комуникации со јавност на СДСМ.
Comments are closed for this post.