Глобалниот економски раст е во опасност. Ова, во специјалното интервју за агенцијата Франс прес го  објави Кристин Лагард, новоизбраниот гувернер на Европската централна банка.

Таа  го анализираше напредокот постигнат на чело на Меѓународниот монетарен фонд и ги истакна приоритетите за следните години.  Лагард истакна дека секоја опасност за меѓународната економија што доаѓа од луѓето може да ја избегне луѓето.

Франс прес  наведува дека како менаџер на ММФ, Лагард била особено активна и отсекогаш инсистирала  на дејствување, додека во врска со нејзината нова улога, таа верува дека  треба да го исполни својот мандат. Претпоставката е дека Французинката ќе има  повнимателен пристап во европската финансиска институција.

Како опасности за светскиот раст Лагард ги посочува Брегзит, протекционистичката политика на Доналд Трамп, и кризата меѓу САД и Кина. Таа ги повика светските лидери да водат дијалог за решавање на неизвесностите што го зафатија светот.