Албанското владејачкото мнозинството презеде конкретен чекор за воспоставување дијалог со вонпараламентарната опозиција.
По шест месеци политичката криза, премиерот Еди Рама, упати јавна покана до опозициските лидери за момент да го заборават политичкото спротивставување, за да започнат безусловен дијалог за изборните реформи што е можно поскоро.
Процесот започна во парламентот со парламентарната опозиција и секако ќе заврши таму, но вашето отсуство во највисоката институција за донесување одлуки не ве исклучува од дебатата за изборните реформи. Напротив. Најмалку тоа е мое мислење и забележувајќи го вашето отсуство на средбата на изборната комисија, ве поканувам да се сретнеме и да разговараме за овој заеднички предизвик, во секое време и место што ќе ви одговара – секако доколку сте заинтересирани да се вклучите во процесот, без условувања, вели Рама.
Сепак Рама става до знаење дека следни избори ќе бидат редовните парлментарни во 2021 година.
Вие сами одлучивте да се откажење од пратеничките мандати и да се исклучите од парламентарниот живот на овој законодавен дом. Но, исто така до изборите во јуни 2021 година, вие сте гласани да претставувате не мал број албански гласачи. Затоа Собранието резервираше посебно место за вас во Комисијата за изборни реформи и ве треба да се вклучите во овој знааен процес,посочува меѓу другото Рама.
Јавната покана за вонпарламентарната опозиција дојде откако мисијата на ОБСЕ во соработка со копретседавачите на изборната реформа ја покани вонпарламентарната опозиција на средбата во среда, 25 септември.
Comments are closed for this post.