Во текот на вчерашниот ден на грчките острови во Егејското Море, пристигнале речиси 791 мигранти и бегалци, стои во официјалните податоци од грчката влада.

Најголем број од нив, 244 пристигнале на Лезбос, а на островот Самос вчера биле регистрирани, 226 нови бегалци и мигранти.

Заклучно со вчерашниот ден, според официјалните податоци, во прифатните центри за бегалци и мигранти на грчките острови сместени се вкупно 27.211 лица, од кои 13.181 на Лезбос, а 5.425 на островот Самос.

Од почетокот на месецов до вчера, бројот на пристигнувања на островите достигнува до 5306 бегеалци и мигранти.

Според седмичниот извештај на УНХЦР-Грција, во периодот од 9 до 15 септември, на островите во Егејското Море пристигнале 1745 лица, бројка помала споредбено со една седмица претходно, но поголема од истиот период лани.