Едногодишното бебе почина во Манчестер, откако неговиот 22- годишен татко го фрлил во река и отишол на пијачка. Таткото на бебето, откако го ставил во кошница и го фрлил во реката, заминал во паб за да се напие, каде што бил уапсен.
Иако пожарникарите го извадиле бебето од реката , тоа набргу починало во болница. Келнерката во пабот изјави дека младиот човек дошол во пабот, побарал пијалок и рекол дека нема пари.
Тогаш толпа луѓе влегоа во пабот викајќи дека виделе дете во реката. Човекот остана на своето место, а кога ја повикавме полицијата, тој рече дека детето е негово и дека го фрлил во реката”, додаде таа.
Полицијата потоа дошла и го уапсила, по што започнала истрага. Истражувачот на полицијата во Манчестер, Џејми Даниелс изјави:
Ова е неверојатно трагичен настан. Невино дете го загуби животот и правиме се што можеме за да го поддржиме неговото семејство во овие тешки времиња. Во тек е истрага за да се утврди како точно момчето завршило во реката.”
Comments are closed for this post.