Едногодишното бебе  почина во Манчестер, откако неговиот 22- годишен татко го фрлил во река и отишол на пијачка. Таткото на бебето, откако го ставил во кошница и го фрлил во реката, заминал во  паб за да се напие, каде што бил уапсен.

Иако пожарникарите го извадиле бебето од реката , тоа набргу починало во болница. Келнерката во пабот изјави дека младиот човек дошол во пабот, побарал пијалок и рекол дека нема пари.

Тогаш толпа луѓе влегоа во пабот викајќи дека виделе дете во реката. Човекот остана на своето место, а кога ја повикавме полицијата, тој рече дека детето е негово и дека го фрлил во реката”, додаде таа.

Полицијата потоа дошла и го уапсила, по што започнала истрага.  Истражувачот на полицијата во Манчестер, Џејми Даниелс изјави:

Ова е неверојатно трагичен настан. Невино дете го загуби животот и правиме се што можеме за да го поддржиме неговото семејство во овие тешки времиња. Во тек е истрага за да се утврди како точно  момчето завршило во реката.”