Непристапниот терен е најголем проблем со кој се соочуваат противпожарните служби во обидите да се изгасне големиот пожар на Скопска Црна Гора. Како што информираат од противпожарната бригада на Скопје, клучна во справувањето со стихијата треба да биде воздушната поддршка.

Во моментиве се очекува дејствување на еден канадер, за кој се очекува дека ќе биде доволен, со оглед  на тоа што тошно се знае точката каде што треба да се гаси, но доколку пожарот не биде ставен под контрола до после пладен, ќе биде активирана дополнителна воздушна поддршка во гасењето. Во меѓувреме на терен продолжуваат да делуваат три противпожарни возила со десетина пожарникари.

Со пожарот е зафатена ниско стеблеста шума над селото Брњарци, а линијата на пожарот се шири неколку километри во правец кон Арачиново и кумановско.