Пожар избувна попладнето над селото Страцинци на планината Скопска Црна Гора и се движи кон кумановското село Мојанце. Екипите на ДЗС се на терен и го гаснат пожарот со канадери.

„Зафатена е ниско стеблеста шума. Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. Зафатена е голема површина од околу три до четири километри“, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.