Албанската полиција уапси 53-ри годишен жител на градот Прењас кој во соработка со други лица преку зелениот граничен појас пренесувале украдени автомобили од Македонија во Албанија.На уапсениот Џ.Б. во тоа му помагал А.Р.жител на Струга, по кого се трага, како и неколку други лица.
Истрагата покажаа дека Џ. Б.(53) од Прењас и А.Р. жител на Струга, Северна Македонија, во соработка со други лица шверцувале украдени возила, од Македонија во Албанија, надвор од граничните премини,преку зелениот појас на македонско-албанската граница, стои во полициското соопштение.
Се додава дека за време на акцијата,како доказен материјал, запленето е возило марка „фолксфаген пасат“ со македонски регистарски ознаки, сопственост на македонски државјанин.Возилото било украдено во Македонија, а потоа нелегално префрлено во Албанија.
Во тек е идентифкацијата и апсење на други лица вклучени во оваа криминална активност, како и заплена на неколку возила кои оваа група ги украла на македонска а потоа ги пренесла на албанска територија.Во интерес на истргата не се наведуваат други детали, соопштува полицијата.
Случајот е под надлежност на Обвинителството и судот во Елбасан.
Comments are closed for this post.