Дејвид Костеланчик, новиот директор за Балканот во американскиот Стејт департмент денес попладне престојува во Тирана.

Костеланчик ќе се сретне со сите политички партии за да разговара за политичката криза во која опозицијата одбива  дијалог со премиерот Еди Рама и не учествува во парламентот.

Првата средба Костеланчик ја има закажано со претседателот на Собранието, Грамоз Руци, а потоа со лидерот на опозициската партија, Љуљзим Баша како и со шефицата на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Криемади.