Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави денеска дека територијата на Косово се претвора во упориште на тероризмот.

Захарева, на брифинг наведе дека од конфликтните зони се враќаат припадници на Исламска држава кои претходно биле регрутирани меѓу косовските Албанци и кои поминале низ воена обука.

Веќе се забележани 250 такви случаи, наведе Захарова, а изјавата е објавена и на твитер профилот на руското министерство за надворешни работи.