Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева пред малку е доставен до претседателот на комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, информираат од Кабинетот на спикерот Талат Џафери.
Дали папката со докази за случајот „Рекет“ ќе се разгледува зад затворени врати или пред јавноста, одлука ќе донесе Комисијата, посочуваат од Кабинетот на Џафери.
Постапката за разрешување на Јанева започна откако Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека има законски основи да биде разрешена од функцијата.
Според собранискиот Деловник откако ќе зарши расправата на Комисијата , а од која се очекува предлог за разрешување на Јанева, Џафери треба да свика пленарна седница. Конечната одлука на пратениците ќе треба на крајот да ја потврди и Советот на обвинители.
Comments are closed for this post.